На сите светски пазари кои се погодени од вирусот COVID-19, се забележува раст во гледаноста на телевизиите и “streaming” сервисите што е логично бидејќи луѓето повеќе време поминуваат дома. Интересно е дека скокот за време на ударните термини (primetime) е прилично скромен, но гледаноста во текот на денот значително е зголемена.
Како би се намалил стресот и досадата, луѓето исто така во поголема мера гледаат и видео, играат игри и повеќе време поминуваат на социјалните мрежи отколку вообичаено.
Агенцијата Polaris открива кои промени досега се забележани на пазарите во регионот кога е во прашање телевизијата.
СРБИЈА
- За време на полицискиот час, ТВ гледаноста на “Total” (популација) се зголемила за 40% во однос на истиот период минатата година.
- Најголем скок се нотира кај најмладите целни групи (од 4 до 17 и од 18 до 24). Каналите кои поинтензивно ги покриваат темите поврзани со моменталната ситуација имаат најголем скок во рејтинзите – РТС-67%, Пинк-40% и РТС кабловските канали кои емитуваат часови за учениците +331%.
БУГАРИЈА
- Вкупната гледаност во Бугарија се зголемила за третина во однос на истиот период од 2019
- Најголем расте забележан во старосната група од 18 до 24 години (61%)
- Двата главни национални канали имаат поголеми рејтинзи во однос на минатата година – bTV (38%), Nova (32%)
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
- Вкупен раст на гледаноста во БиХ од 38%
- ТВ каналите кои најбрзо и најекспедитивно реагирале на новонастанатата ситуација со аспект на прилагодување на своите програмски содржини, остваруваат најдобар и најголем раст на гледаноста – BHT, Hayat, Pink BH i RTRS.
ХРВАТСКА
- Вкупната ТВ гледаност на “Total” (популацијата) во Хрватска пораснала за 35%. Најголемиот скок во вкупната гледаност се забележува кај популацијата помеѓу 18 и 44 години, па следуваат најмладите од 4 до 17 год.
- Најголем скок забележуваат каналите на јавниот сервис ХТВ Group од дури +66%, а во тоа најмногу придонесува HTV3 каналот (+2,888%) заради емитувањето на настава за учениците од 1 до 4-то оделение.
- Водечкиот ТВ канал на пазарот, NovaTV, забележува раст од само 8% во овој период во однос на главните конкуренти, чии раст е далеку поголем – RTL +34% и HTV1 +31%. Од останатите канали од информативната програма кои дневно ја следат ситуацијата, најголем пораст има N1 од +181% на Тотал популација.
Агенцијата Polaris, е нова агенција во I&F Групацијата, специјализирана за аналитика на податоци, бизнис консалтинг и пазарни предвидувања, која ја води Катарина Костиќ. За сите дополнителни информации можете да ги контактирате на: hello@polaris-see.com