ETH Zurich е еден од најреномираните универзитети во светот. Таму студирал и Алберт Ајнштајн помеѓу 1896 и 1900 година, а потоа и предавал теориска физика помеѓу 1912 и 1914 година.
Секоја година, универзитетот доделува стипендии за 50 најистакнати студенти од областа на природните науки и технологијата, сé со цел да можат целосно да се посветат на своите магистерски трудови и да имаат доволно време за да ги спроведат неопходните истражувања. Но, што ако не постоеше оваа програма за стипендии? Студентите ќе трошеа дел од времето работејќи како келнери, курири и доставувачи на пица.
Новата кампања на агенцијата Ruf Lanz која го промовира универзитетот и неговата програма за стипендирање, која патем се финансира преку приватни донации, го насочува вниманито токму на овој проблем со кој се соочуваат голем број студенти ширум светот, ставајќи го Алберт Ајнштајн во ситуации од кои тешко дека би ја развил својата Теорија на релативноста и би го имал истиот импакт врз светот.