Петтиот, јубилејен фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2019 ќе се одржи на 29 и 30 октомври во Опера и театар „Мадленианум“ во Белград, под слоганот “Make room for a new BLOOM“. Емануел Нена, ко-основач и извршен директор на агенцијата The Big Now (Италија) и претседател на здружението UNA – Aziende delle Comunicazione Unite, е еден од предавачите на годинешниот фестивал КАКТУС 2019, а ќе зборува на тема „Exploring the Future of Advertising. A Call for Agencies and Clients: Take a Seat and Make Yourself Uncomfortable“. Во оваа прилика, разговаравме со него за важноста на адвертајзинг индустријата.
Зошто комуникацијата и адвертајзингот се важни денес?
Комуникацијата одсекогаш ги карактеризирала човечките суштества. Тоа е нешто што е вкоренето во сите нас и светот без комуникација не би имал смисла. Сепак, на преоптоварениот и брзорастечки пазар, клучно е брендовите да се издвојат од толпата и една од најмоќните алатки кои можат да го сторат тоа е токму комуникацијата, додека адвертајзингот е само дел од овој маркетинг микс. Во ера во која сè се комуницира, важно е да не се изгуби фокусот, особено затоа што успешноста на кампањите се рефлектира преку влијанието што го постигнуваат. Технологиите, новите формати, новите канали можат да го поддржат сето ова, но во самиот центар секогаш е идејата која опстојува. Затоа е важно да трчате брзо, но и да посветите малку време и на учење, да бидете инспирирани од други уметности и да создадете култура од која можат да произлезат големи работи. Ова е целта на адвертајзингот, промена на перцепцијата, што е, истовремено и причина зошто тоа е толку важно. И ние, како дел од оваа индустрија, можеме да го свртиме ова сценарио на подобро.
Што е „neutral“ адвертајзинг и зошто е важен?
Адвертајзингот, како и сè друго, постојано се развива. Во минатото, улогата на адвертајзингот беше многу комерцијална (директен и строг тон). Денес, потрошувачот е во центарот на вниманието, тој е двигател, од него започнува секоја идеја. Затоа е важно кампањите да се водат според вистинската стратегија, а сè друго ќе следи потоа ( пол, возраст, медиуми и сл.) Значи, многу е важен овој пристап кој го насочува целото внимание кон стратегијата, а не на маркетинг-алатките.
Како доаѓањето на нови играчи го менува светот на адвертајзингот?
Светот на адвертајзингот доживува големи промени. Дигиталната револуција длабоко го промени начинот на кој индустријата има намера да се рекламира. Сега живееме „интересни“ времиња – повеќе претпочитам да ги наречам така наместо „тешки времиња“ – и тоа значи дека ова е нешто со што треба да се соочиме / да го земеме во предвид, но исто така може да ни донесе и нови и интересни можности. Она што го гледаме е доаѓање на нови играчи во нашата индустрија и тоа е позитивна работа, затоа што тоа значи дека има простор за нови проекти и за иновации. Има сè повеќе простор, сè оди по својот тек, така што и самите аспекти на комуникацијата добро се вклопуваат едни со други. Од друга страна, ова води кон лесно разбрани нови концепти и кампањи кои сè повеќе се интегрираат. Она што треба да го имаме во предвид е улогата на асоцијациите која е клучна – да не се изгуби фокусот и да не се биде збунет поради брзината и метежот што ги создава пазарот. Огласувањето и понатаму мора да се потпира на идеи. Формата би требало да се промени (алатки, канали, воведување на нови технологии како вештачка интелигенција и виртуелна реалност), но сржта секогаш треба да биде идејата. Со огласувањето секогаш сакаме да ја промениме перцепцијата и да градиме нови брендови, а тоа може да се направи и со моќни идеи, не само со помош на технологија.
Што е најважно за успех во адвертајзингот?
Моето мислење е дека ништо не треба да се зема здраво за готово. За да бидете успешни во адвертајзингот, морате да се “чувствувате непријатно“, да ги преиспитувате работите, да бидете љубопитни за околината и да следите статистика. Друга клучна работа за успех е ефикасноста: мора да развиете јасна и моќна стратегија заедно со правилни податоци и статистика кои ќе ве одведат до идеја која дава опипливи резултати. Колку е поконзистентен резултатот, толку поуспешна ќе биде кампањата. И, конечно, навистина верувам дека еден многу важен елемент на успехот е времето. Времето за размислување, за учење, за гледање на работите на поинаков начин, за добивање прилика да се поврзете со нешто. Италијанскиот фестивал („IF“) е совршен пример за тридневен настан каде луѓето од нашата индустрија, но не само тие, можат да се инспирираат и да ги сложат сите коцки.
Кое е тоа ново решение за иднината на адвертајзингот?
Мислам дека на адвертајзингот не му е потребно ново решение. Верувам дека пазарот доживува големи промени, но постојат некои елементи кои се клучни и веројатно треба само да го пренасочат фокусот. Ова е случај за луѓе кои мораат да останат во центарот и да се изборат со “ad’s killer“ апликации. Можеме да очекуваме да видиме уште повеќе нови и паметни технологии во иднина – вештачката интелигенција ќе биде доминантна во наредните години – но луѓето секогаш ќе бидат од клучно значање.
Она што го гледаме од професионалните здруженија е дека целата индустрија уште поблиску соработува со одличните интегрирани кампањи и резултатите што произлегоа од партнерствата со различни компании. Мислам дека не мора да чекаме или да бараме нешто ново, едноставно оние кои ги здружуваат силите и го извлекуваат најдоброто едни од други, ќе бидат најуспешни.
Повеќе информации за фестивалот KAKTUS 2019 можете да пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.