Истражувањата покажуваат дека лажните вести имаат тенденција за побрзо ширење на Твитер од вистинските вести
Од бразилските претседателски избори до “жолтите елеци” во Франција, 2018 година беше обележана со зајакнување на влијанието на лажните вести, за што особено придонесоа социјалните медиуми. Тоа ја поткопа и онака лошата доверба во медиумите и институциите.
Дезинформациите цветаа. Многу од фотографиите, иако реални, беа користени за да им се даде друго значење: полициското насилство во Франција за време на протестите на “жолтите елеци”, е критикувано со фотографии од протестантки со крвави лица … снимени пред неколку години во Шпанија.
Едноставна, но ефикасна манипулација, се појави и многу поопасна закана: т.н. deep fake, внимателно изманипулирани видео клипови кои овозможуваат некои лица да се искористат за пренос на порака која сакаат да се пренесе со нејзините гестакулации и тон на гласот. Сè уште е тешко технички да ги изведе, но техниката брзо напредува.
Зборот fake news беше популаризиран од американскиот претседател Доналд Трамп и стана реторичка алатка за напади, што е парадоксално, особено за медиумите. Сè повеќе го преземаат политичарите во земјите од Шпанија преку Кина до Мјанмар. Означува сè и сешто, било лажни информации намерно создадени за да му наштетат на некого или пародија, несмасност или грешки, но и потврдени информации.
Или, како и во случајот со Украина, која на крајот на мај ја организираше “лажната смрт” на рускиот новинар Аркадиј Бабченко, со цел да го спречи обидот за негово убиство.
Подарок од небото за параноичните и теоретичарите на заговор од сите видови, вели Кристоф Делоар, главен секретар на Репортер без граници.
Брзото ширење на лажни информации на интернет се заснова на слабата доверба во медиумите, која изнесува 44 проценти, според истражувањето спроведено од агенцијата YouGov за Ројтерс спроведено во 37 земји низ светот.
Аналитичар Џон Хуксфорд од Државниот универзитет во Илиноис, вели дека социјалните мрежи може да ги зголемат дезинформациите делувајќи како “ехо комора”, односно создавајќи кредибилитет на статии, со едноставниот факт што корисниците ги споделуваат.
Истражувањата покажуваат дека лажните вести имаат тенденција на побрзо ширење на Твитер од вистинските вести.
Многумина го критикуваат Фејсбук и неговите повеќе од 2,25 милијарди корисници, бидејќи е склон да дозволи циркулација, како и валоризирање на многу лажни информации.
Кон ова треба да се додаде аферата на Кембриџ Аналитика, во која Фејсбук потврди дека британската компанија користела податоци од 87 милиони корисници без нивна согласност.
За да докаже дека е подготвен да се промени, американскиот гигант во 2018 година стави акцент на комуникацијата и техничката офанзива која беше започната кон крајот на 2016 година, со потпишување на договор со повеќе од 35 медиуми во 24 земји, како што се Аргентина, САД, Франција и Индонезија, така што тие “праведно би ги оценувале статиите “кои циркулираат на Фејсбук. На тој начин Фејсбук уверуваше дека може да го намали ширењето на лажни информации.
Меѓу земјите каде што се бие битка против лажните информации се наоѓа и Бразил, каде неодамна се случија турбулентни претседателски избори. Но, Кристина Тардагулија, која е основач на медиум за проверка на точноста на информациите Agencia Lupa, вели дека лажните информации се преселиле на WhatsApp, апликација која има повеќе од една милијарда корисници во светот и голем пробив Латинска Америка и Африка.
Откривањето на лажни информации на оваа платформа е особено тешко: разговорите, лични или во групи, се шифрирани и приватни.
Во Индија, дезинформациите имаа трагични последици. Според индиските медиуми, најмалку 25 лица ги загубија своите животи во текот на една година поради гласините што кружеле на WhatsApp, кој има околу 200 милиони корисници месечно во оваа земја. Оваа компанија, подружница на Фејсбук, исто така, започна со објавување мерки против оваа појава: во Бразил овозможи полесно праќање барања од корисниците на медиуми за да ја потврдат точноста на информациите.
И покрај иницијативите за проверка на точноста на информациите кои ги има се` повеќе (162 во светот) и разни мерки, чии резултати се уште се слаби, дезинформациите често се во предност.