Австралиските регулатори за огласување забранија реклама за Toyota Yaris, тврдејќи дека е „многу опасна“ и може да влијае на возачите „да возат побрзо“.
Краткото видео на Тојота, всушност, го промовира целото семејство Yaris, а GR Yaris се појавува само неколку секунди. Според регулаторите за огласување, во рекламата биле прекршени две правила при рекламирање – небезбедно возење и пречекорување на брзината.
Како што пишува „CarExpert“, од „Тојота“ изјавиле дека „нивното мислење го сфаќаат многу сериозно, но исто така веруваат дека рекламата не го нарушува кодексот на FCAI (Федерална комора за автомобилска индустрија) или важечките закони и регулативи кои ги регулираат сообраќајот и возачките стандарди во заедницата“.
Мислењето на јапонскиот производител на автомобили беше само делумно прифатено од страна на Регулаторот за стандарди за рекламирање, кој истакна дека навистина не изгледа дека Toyota GR Yaris вози над ограничувањето на брзината во рекламата, туку дека начинот на излегување на автомобилот од гаражата претставува „небезбедно возење“. Тојота сега ќе мора да ја ревидира рекламата пред повторно прикажување.