Минатиот петок во Белград, Србија, беа доделени годишните златни награди на Меѓународната асоцијација за односи со јавноста (IPRA), познати како „IPRA Golden World Awards“.
Настанот ги собра најистакнатите експерти од областа на комуникациите и односите со јавноста од целиот свет за да им оддаде признание на кампањите кои се истакнале по нивната иновативност, професионалност и влијание врз заедницата.
На настанот беа доделени повеќе од 80 златни IPRA награди, а во Белград наградата ја подигнаа претставници на агенции од целиот свет: Јапонија, Кина, Сингапур, Индија, Казахстан, Турција, Грција, Романија, Украина, Унгарија, Хрватска, Италија, Нигерија, Јужна Африка, Перу, Аргентина и така натаму. Целосната листа на добитници може да се разгледа на следниот ЛИНК.
Основана во 1990 година, годишната иницијатива IPRA Golden World Awards има за цел да ја препознае извонредноста во практиктикувањето на односите со јавноста во различни категории на глобално ниво. Наградите ги доделува меѓународно жири составено од 40 комуникациски професионалци кои ги оценуваат апликациите од целиот свет.
Основано во 1955 година, IPRA е едно од најстарите и најугледни здруженија на професионалци во областа на комуникациите, заслужно за поставувањето високи стандарди во ПР индустријата. IPRA и нејзините членови се водени од мисијата за „промовирање на довербата и етиката во глобалната комуникација“, при што организацијата има консултативен статус при Обединетите нации од 1983 година.
Во продолжение погледнете дел од атмосферата во Белград:
View this post on Instagram