(РЕГИОН) – Денеска и утре во Белград ќе биде оддржан годишен состанок на креативните директори од агенциската мрежа “McCann“ на кој ќе учествуваат претставници на агенцијата од неколку земји, од Скандинавија, преку источна и централна Европа, до Балканот и југоисточна Европа.
Овој состанок по прв пат се оддржува во Белград, што е уште една потврда за развојот на креативната индустрија во Србија и тамошната водечка позиција на агенцијата “McCann Beograd“. На состанокот, креативните директори ќе разговараат за развојот и трендовите во креативната индустрија и ќе споделат и евалуираат повеќе креативни идеи и проекти на различни агенции во МекКен мрежата.
За време на состанокот, во рамки на проектот “McCann Parabrodiranje“, денеска ќе биде оддржана и панел дискусија под назив “Креативноста во борба против кризата“.
На панел дискусијата ќе учествуваат Adrian Botan и Catalin Dobre од МекКен Букурешт, Gabor Havasi од МекКен Будимпешта, Jacek Szulecki од МекКен Варшава и Vladimir Cosić од МекКен Белград.
Учесниците на панелот ќе дискутираат за тоа дали економската криза претставува предизвик за креативност, дали е завршено “златното време на адвертајзингот“, дали условно кажано помалите пазари – станаа извор на креативноста итн. Влезот на панел дискусијата за сите кои се можност да ја посетат во Белград е слободен.
Од панел дискусијата е обезбеден и live streaming кој ќе биде пренесуван на Маркетинг365 со почеток од 19:00 часот, до кој ќе може да пристапите преку следниов ЛИНК.