Зоран Кардула, дипломиран електро инжинер, кој во моментов работи како графички дизајнер во агенцијата “Публицис“ од Скопје, во својот последен проект редизајнираше некои од најпознатите југословенски логоа и постери.
Зоран вели дека сакал да направи нешто што ќе му ги врати старите убави сеќавања на земјата. Бидејќи Југославија беше позната по развиената индустрија и повеќе успешни брендови: „Се трудев да направам нешто модерно, софистицирано, но исто така нешто што ќе ги содржи најважните и најпрепознатливите елементи на брендот.Се надевам дека со овие посвети кај многумина ќе ги вратам убавите сеќавања на тие прекрасни времиња“, вели овој графички дизајнер.“
Зоран со графички дизајн се занимава веќе 15 години, а паралелно е посветен и на сликарство и тоа повеќе од 25 години. Досега учествувал на различни конкурси, меѓу кои на конкурс за дизајн на накит за „Swarovski“ и „INYO“, каде бил и финалист. Минатиот ноември имаше изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во Минеаполис, САД. Пред неколку недели пишувавме дека Кардула е и победник на овогодинешниот конкурс за постер на “Латинскиот филмски фестивал“.
Во продолжение погледнете ги неговите редизајни на некои од најпознатите југословенски логоа и постери: