На 6 март (четврток) со почеток од 18 часот, во Среќа Бар во Скопје, ќе се одржи првиот од низата настани наменет за мајките што имаат свој мал бизнис или имаат бизнис идеја, но сè уште собираат храброст и финансии да ја започнат.
Настанот е во организација на Мама Круг, концепт што преку низа креативни активности се стреми да даде одговор на неколку важни потреби на жените во повеќе значајни животни стадиуми и да креира заедница на жени што ќе се поддржуваат помеѓу себе.
Главен финансиски поддржувач и покровител на настанот е Халк Банка.
Како дел од 2-часовниот настан, учесниците ќе имаат можност:
- Да слушнат предавање на тема: „Финансиско планирање за мали бизниси“ од Мартина А. Георгиев, CFO и Финансиски советник и едукатор во Esse Consulting.
- Ќе научат како да постават јасни финансиски и лични цели и како ефикасно да управуваат со финансиите во мал бизнис.
- Ќе ги разберат основите на финансиското планирање и поставување мерливи цели.
- Ќе слушнат успешна бизнис приказна од Моника Мирчевска од Monkdolls.
- Ќе се инспирираат со приказната на Сања Лазаревска, сопственичка на брендот Април22.
- Ќе имаат можност од прва рака да се информираат за бизнис пакетите за жени што ги нудат нашите соработници – Халк Банка.
- Можност за да си постават прашање, да споделат свои дилеми и предизвици и да добијат совет од нашите предавачки.
- Networking, дружење со закуска и освежување.
- Ќе си заминат дома со подароци од нашите поддржувачи на настанот.
Влезот е бесплатен, а местата се ограничени, затоа резервирајте си го своето пополнувајќи ја следнава ФОРМА (линк).