Овој четврток, на 26 ноември, во Порторож ќе започне 17-тата конференција на медиски трендови – SEMPL.
Околу 900 учесници ќе бидат дел од дводневната програма која треба да ги освежи знаењата за тоа кои трендови превладуваат во медиско-комуникациската инустрија и кои се новите предизвици кои ги очекуваат сите оние кои работат во неа.
Sempl ќе нагости повеќе од дваесет меѓународни говорници, ќе бидат одржани пет практични работилници и поделени наградите за најдобрите медиски стратегии – Sempler, оваа година, заедно со двете нови награди Top Sempler – за медискиот менаџер на годината и медиската звезда на иднината.
Конференцијата, со предавање за победнички маркетинг стратегии ќе ја отвори американската маркетинг експертка Cathey Armillas, енергична говорничка која е уверена дека суштината на успешниот маркетинг е во тоа луѓето да ја засакаат компанијата и нејзините брендови. Меѓу клучните говорници на Sempl се и Les Biner, раководител за огласувачка ефикасност во лондонската агенција Adam&EveDDB, др. Max Mckeown, британскиот стручњак за стратегии и иновации, Mats Persson, глваниот оперативен директор во данската компанија AdForm и Mike Bevans, виш директор за маркетинг во Yahoo.
Програмата на 17-тото издание на Sempl, ќе ја надополнат и три разговори за моменталната позиција на рекламните и медиските агенции. Во првиот ден, Марјан Новак, директорот и одговорен уредник на Marketing magazin, ќе разговара со Срџан Шапер, огласувач и претседател на I&F McCann Group, кој ќе ја открие својата бизнис филозофија и ќе ќе зборува за работата со луѓе и начините за постигнување на целите, а вториот ден од конференцијата ќе зборува и со Роберт Чобан, ко-основач и претседател на српската издавачка куќа Color Press Group – во разговорот на тема дали огласувачите премногу очекуваат од медиумите и обратно.
Учесниците на конференцијата ќе можат да добијат и повеќе практични знаења на вкупно 5 работилници за ефикасно огласување кои ќе се одржуваат напоредно со главната програма.
После завршувањето на првиот ден од конференцијата ќе бидат поделени и Sempler наградите за најдобрите медиски стратегии на годинат во вкупно девет натпреварувачки категории.
Комплетната програма на 17-тото издание на SEMPL е објавена на : http://www.sempl.si/si/program/program