Овој четврток (14.03.2018 год.) со почеток од 18:00 часот во кафе-бар “Umbrella” (ГТЦ) во Скопје се одржува 33-тото издание на најелитниот бизнис-нетворкинг настан во државата, Бизнис Кафе Македонија.
На настанок кој вообичаено трае околу 2 часа, своите бизнис и животни искуства со присутните ќе ги споделат троjца врвни професионалци во својата област:
- Елена Панова, маркетинг директор на Vip
- Винка Саздова, основач и сопственик на издавачката куќа“Три“
- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји
На настанот се поканети да присуствуваат сите оние кои се позитивни и расположени за добра бизнис дружба, сакаат да запознаат нови деловни контакти или да слушнат за патот кон успехот на нашите говорници.
Бројот на места за настанот е ограничен. Карти по цена од 300 денари може да се резервираат на следниве начини:
-На фактура пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com или
-Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)
Генерален спонзор на 33-тото издание на Бизнис Кафе Македонија е Samsung.