Со цел да го промовира своите нови оброци за едно лице, данскиот синџир на супермаркети Irma во Копенхаген го отвори првиот ресторан коj има само една маса, за само еден човек. Именуван како “Ресторан 1:1”, поп-ап објектот има само еден готвач и еден келнер кој го услужуваат осамениот гостин во секое време.
Луѓето кои го посетуваат ресторанот можат да уживат во својот оброк со вино или пиво, во тишина или во разговор со келнерот и готвачот.
Кампањата именувана како „Најмалиот ресторан во светот“ е дело на данската агенција “Robert/Boisen & Like-minded“, а искуството е создадено со цел да го „докаже квалитетот“ на новите оброци и да ја отстрани стигмата на јадење сам.
Според брендот Irma, кампањата е голем хит и ресторанот бил резервиран дури за следните 48 часа. (Треба да се има во предвид дека оброците биле бесплатни.)
Компанијата соопшти дека новите единечни оброци биле создадени како одговор на новата статистика на Eurostat, според која дури 44% од данските домаќинства се составени од само еден возрасен човек без деца. Веруваат дека новата понуда ќе им се допадне на луѓето кои живеат сами, а истовремено ќе го намали и фрлањето на храна, имајќи на ум дека намирниците најчесто доаѓаат во фамилијарни пакувања.