Сé посилни се гласините дека технолошкиот гигант Фејсбук ќе се ребрендира и дека тоа ребрендирање ќе биде објавено уште следната недела.
Според многумина, одлуката за ребрендирање доаѓа следствено на одлуката на компанијата да изгради цел виртуелен „метаверзум“. Односно, да се покаже дека Фејсбук е многу повеќе од обична социјална мрежа.
Се шпекулира дека зборот „Meta“ може да биде дел од новото име, кое пак наводно сé уште не било конечно одлучено од страна на сопствениот Марк Зукерберг.
Според различни извори, објавата за ребрендирањето на компанијата може да дојде уште во понеделник, со објавувањето на финансиските резултати за последниот квартал, или пак во четврток, за време на конференијата Oculus Connect.
Од Фејсбук наводно почнале да работат на ребрендирање дури во последните два месеци. Всушност, поранешниот генерален маркетинг директор на компанијата предложил ребрендирање уште пред три години, но тогаш тој предлог бил одбиен. Се чини дека бордот на директори сега смета дека е дојдено подобро време за една таква голема промена.
Останува да видиме.