Дури и доколку напишат БАНАНА со сите големи букви, јаболкото и понатаму е јаболко
Телевизиската куќа CNN одлучи да вложи дел од својот маркетинг буџет во својата борба против лажните вести и во најновата кампања, под назив Facts First, сака да докаже дека јаболкото е јаболко, а не банана.
Рекламата е едноставно ветување дека оваа медиумска куќа јаболкото ќе го нарече јаболко, како што го гледа, дури и ако некои одлучат јаболкото да го наречат со банана.
Нараторот на рекламата вели: „Можат и да викаат, повторно и повторно, повторувајќи банана, банана, банана…Можат да напишат БАНАНА со сите големи букви. Можеби дури да почнете и да верувате дека ова е банана. Но, не е. Ова е јаболко.“
CNN е една од телевизиските куќи која забележа зголемен раст на релевантноста и сообраќајот откако Трамп стана претседател, откако жестоко ја критикуваше за наводното лажно известување оваа медиумска куќа.
Целта на кампањата е да ја пренесе вредноста на сопственото известување, во време кога фактите не се така непобитни како што беа некогаш.
“Some people might try to tell you that it’s a banana.” #FactsFirst pic.twitter.com/LbmRKiGJe9
— CNN (@CNN) October 23, 2017