Данците во ЕУ најмногу ги користат социјалните мрежи
Во ЕУ, 57% од луѓето на возраст од 16 до 74 години биле активни на социјалните мрежи во 2020 година во последните 3 месеци пред истражувањето, што е зголемување за 3 процентни поени во споредба со 2019 година, објави Евростат.
Стапката на учество во социјалните мрежи на ЕУ постојано се зголемува од почетокот на собирањето податоци (36% во 2011 година).
Учеството на социјалните мрежи вклучува активности како што се креирање на кориснички профил, објавување пораки или други прилози на социјалните мрежи.
Меѓу земјите-членки на ЕУ, стапката на учество на социјалните мрежи е највисока во Данска (85%), пред Белгија (79%), Кипар (78%), Финска (75%) и Унгарија (74%).
Меѓу помладите луѓе во ЕУ на возраст од 16 до 24 години, скоро 9 од 10 луѓе учествувале во социјалните мрежи (87%). Тоа учество се движи од 79% во Италија до 97% во Данска.
Меѓу постарите луѓе на возраст од 65 до 74 години, над една петтина (22%) биле активни на социјалните мрежи. Ова учество се движи од 10% во Хрватска до 60% во Данска.