Hyundai сака да ја раздрма застарената формула на автомобилски реклами со оваа забавна серија
За промоција на својата нова N класа со високи перформанси, Hyundai се одлучи за хумор. Патем, одлучија да се забавуваат така што си поиграа со самобендисаноста на луксузните брендови.
Стратегијата и креативата за кампањата „Feel the Feeling“ ја направи агенцијата R/GA, а се состои од четири спотови наречени „Фен за коса“, „Колонска вода“, „Слушалки“ и „Лансирање“. Преку четири спотови, кампањата ги извлекува клишеата и ги остава во прашина зад себе, промовирајќи ја неспоредливата моќ на N класата.
Колонската вода N мириса на изгорена гума, N слушалките го потопуваат слушателот со бучавата од автомобилот, фенот за коса N можеби и премногу дува, па така го „издувува“ корисникот и повеќе од што е потребно.
Џејмс Темпл, извршен потпретседател и главен креативен директор за EMEA регионот во R/GA, изјави: „Нашата цел со оваа кампања е да се издвоиме од толпата, да ја раздрмаме застарената формула на автомобилските реклами и што е најважно, да се забавуваме со гледачите. Сакаме луѓето одново да ги преипитаат своите ставови за Hyundai, како пректичен, компромисен избор и да го видат како бренд кој им покажува на луѓето преку демонстрирање на силата на N линијата, дека тие прават автомобили кои се забавни за возење и кои се поинакви од останатите. Се` е постигнато со комбинирање на малку разиграност со иновациите во оваа трансформативна автомобилска кампања.“