Во последните месеци, пандемијата нè потсети на вредноста на односите меѓу луѓето. Поради сите предизвици со кои се соочуваме, тие станаа важен извор на поддршка и радост.
Карловачко пиво, бренд на компанијата Хајнекен Хрватска, со својата нова рекламна кампања го слави пријателството како една од најважните работи во животот. Оваа позитивна приказна е продолжение на веќе добро познатата кампања “Меѓу своите“. Во ова крајно предизвикувачко време во кое живееме, меѓусебната поддршка е најважна и покрај семејството, треба особено да ги негуваме пријателските односи.
Преку комуникација на двајца пријатели во типични, секојдневни ситуации со кои секој може да се поистовети, се провлекува основната идеја за кампањата – пријателите можете да ги прашате навистина за сè и сешто, освен за една работа која се подразбира, а тоа е кое пиво го пијат.
Креативниот концепт го потпишува агенцијата Брукета&Жиниќ&Греј, а за целосна продукција и снимање беше задолжена продукциската куќа Бункер.
„Успешната кампања „Меѓу своите“ на брендот Карловачко, која се занимава со блиските односи во нашите животи, е посветена на пријателството. Ништо не може да го замени времето што го поминуваме со нашите најблиски, со кои навистина можеме да бидеме тоа што сме, уживајќи во омиленото пиво. Агенциите со кои соработуваме уште еднаш ја потврдија нивната креативност и уживавме во создавањето на оваа кампања и снимањето на ТВ-спотот. Со нетрпение ги очекуваме сите дополнителни активности што ги подготвуваме“, изјави Филип Рабузин, директор за маркетинг во Хајнекен Хрватска.