Ова видео е продолжение на кампањата #SocialiseResponsibly
Додека Европа се занимава околу повторното отворање по едногодишниот карантин поради пандемијата на коронавирусот, Хајнекен започна глобална кампања во која се прикажуваат забавни моменти и која ги потенцира инвентивните мерки кои што луѓето ги преземаа како би биле безбедни, додека размислуваат за животот надвор од нивните домови.
Кампањата наречена „Повторно ќе се сретнеме“ ја креираше агенцијата Публицис Италија, а се емитуваше на 19 април, точно една година откако оваа холандска компанија за пиво ја започна својата кампања #SocialiseResponsibly со видеото „Ode to Close“, кое се фокусираше на реакциите на потрошувачите на пандемија.
Новата глобална кампања се фокусира на некои смешни моменти, како дотерување за купување во маркет или за фрлање на ѓубрето, шетање на кучињата (или златните рипки) или перење на алиштата.
Видеото е во режија на Франсоа Руселет, а за време на снимањето во Барселона беа почитувани сите протоколи за безбедност. Во позадина е британската химна на Втората светска војна изведена од Дејм Вера Лин.