Видеото „Stuff Monster“ го креираше агенцијата Ретинк за Икеа Канада
Добродушно чудовиште направено од стари работи, шета низ градот и им ги остава на луѓето кои сакаат да им дадат нов живот на овие користени ствари. Видеото ги пренесува заложбите на Икеа за рециклирање на што поголем дел на користени предмети.
Чудовиштето беше навистина само CGI-анимирана метафора за одржливост, илустрирајќи како сите ние можеме да и` помогнеме на Планетата Земја со тоа што ќе им подариме стари работи што на луѓе кои би можеле да ги искористат повторно.
“Зборувавме за тоа како понекогаш може да се чувствувате како да шетате носејќи ја тежината на сите ваши работи со вас, како чудовиште направено од предмети“, објаснува Дахал Бат, креативен директор во агенцијата Ретинк, за инспирацијата за спотот кој неговата агенција го креираше за Икеа Канада. „За нас беше навистина важно да создадеме лик со кој гледачот би можел да сочувствува и да се поврзе“, вели тој.
“Наместо да фрлате стар мебел, предадете го во нов дом и посведочете за убавите можности што можат да произлезат од давање нов живот на старите работи“, велат од Икеа.