Во рекламата насловена „Growing Up“, Samsung ни најмалку не се воздржува, а резултатот е забавен, иако не е баш коректен
Samsung лансираше нова едноминутна реклама под називот „Growing Up“ во која продолжи да го исмева Apple, како и бројните претходни кампањи, но овај пат се исмејува цела деценија лојалност кон Apple.
Рекламата го претставува младиот Ерик, голем обожавател на Apple, кој во текот на годините купува се` што е поврзано со iPhone, но Samsung го следи неговиот пат преку разочарувањата кои ги доживува со секоја нова верзија на iPhone.
Брендот исто така раскажува паралелна приказна за уредите на Samsung, преку девојката на главниот протагонист и навистина е забавно да се гледа како Ерик, разочаран од недостатоците на iPhone,во текот на годините на некој начин и завидува и копнее по производите на Samsung на својата девојка.
На крајот, Ерик „пораснува“, и се префрла на Samsung.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=R59TevgzN3k
Поентата на рекламата е дека Samsung испорачува иновации кои луѓето ги сакаат, без отстранување на оние кои им се потребни.
„Во време кога десетици милиони Американци се подготвени да ги надоградат своите паметни телефони, два најголеми брендови ги претставија своите уреди – истовремено“, велат од Samsung. „Оваа реклама им се обраќа директно нив, истакнувајќи зошто многу од нив веќе го одбраа Galaxy S8, S8 + и Note 8 за свој следен смартфон. Наместо да се препуштат на автопилотот, конечно се повторно возбудени заради технологијата.“
Кампањата ја изработи агенцијата Wieden + Kennedy Portland, а рекламата ја режираше Isaiah Seret. Продукцијата е на продукциската куќа Biscuit Filmworks.