Лимак Скопје, кој го гради комплексот „Diamond of Skopje”, го отвори изложбениот салон каде што е поставен модел на комплетно уреден стан од 71 квадратни метри во реален простор. Преку овој модел сите заинтересирани можат да се запознаат со спецификите и удобностите на становите од резиденцијалниот дел на модерниот комплекс, чија изградба е во тек во строгиот центар на главниот град.
Изложбениот салон е лоциран во комплексот „Diamond of Skopje“ на улицата Јордан Мијалков 31, а може да се посети секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот.
Мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“ е инвестиција вредна 250 милиони евра, при што на површина од 45.000 квадратни метри се сместени: „Лимак Скопје Хотел“ со пет ѕвезди, резиденцијален дел кој ќе располага со четири повеќекатници со вкупно 772 станбени единици, како и голем трговски центар и деловен простор. Целиот комплекс ќе располага со затворен паркинг простор со 3.200 места. Комплексот е предвидено да биде целосно завршен во 2022 година.
Иако е сместен во центарот на градот, „Diamond of Skopje“ ќе биде вистинска зелена оаза согласно најновите стандарди за заштита на животната средина во урбан простор. Со зелена површина која се простира на околу 11.000 квадратни метри, комплексот ќе биде втор по големина зелен појас во Скопје, веднаш по Градскиот парк.
Во рамките на комплексот „Diamond of Skopje“ се гради и првиот подземен премин во должина од 800 метри, кој ќе биде двонасочен, со што ќе се реши сообраќајот и ќе се овозможи брз и безбеден транзит во овој дел на градот.
Во реализацијата на проект се ангажирани над 80% домашни компании и експерти во различни области.
Лимак холдинг е интернационална компанија која делува во областа на градежништвото, енергетиката, туризмот, инфраструктурата и други дејности, вработувајќи 60.000 луѓе. Со свои операции компанијата е присутна во повеќе од 17 земји во светот со над 100 проекти со вкупна вредност од над 10 милијарди долари, почнувајќи од аеродроми и пристаништа, преку брани и постројки за наводнување, експресни патишта и гасоводи, индустриски објекти и нафтоводи, објекти за одмор и комплекси за домување. Во портфолиото на Лимак се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул, Istanbul Grand Airport, и мостот Дарданели (Чанак кале) 1915. Лимак има активни проекти во повеќе земји во светот, како Русија, Украина, Косово, Албанија, Пакистан, Саудиска Арабија, Кувајт, Мозамбик и Брегот на слонова коска.
Минатиот месец Лимак беше рангирана на 61 место на престижната листа на 250 најдобри градежни компании во светот што ја прави ЕНР (Engineering News Records). Новото рангирање за Лимак холдинг е искачување за шест места погоре од минатогодишното рангирање кога холдингот беше на 67 место на истата листа.