Можеби имате страв од летање додека има турбуленции, можеби се плашите дека нешто неочекувано ќе се случи, можеби ве ужаснува и самата помисла дека нема да стигнете на вашата дефинирана дестинација…
За да ја промени перспективата на патниците во авионскиот сообраќај, Ogilvy Jordan направи реклама за Royal Jordanian која секој од нас би требало да ја погледне.
“Не се плашам од летање,” започнува рекламниот спот со гласот на нараторот кој е со Арапско потекло. „Патниците на мене ја гледаат само бојата на мојата кожа, моето име, мојата брада, јас не се плашам од летање, но луѓето околу мене се плашат од мене. Тоа се луѓе кои се исплашени и дискриминираат.”
“Реклмата не е креирана за да ги зајакне стереотипите, туку да укаже на дискриминацијата’’ – објаснува Paul Shearer, Group Chief Creative Officer за Memac Ogilvy– која е креатор на рекламниот спот. ‘’Само затоа што сте Арапи, не значи дека и вие не сте исплашени поддеднакво исто како и останатите патници.”