Дали сакате да престојувате во хотел каде квалитетот на вашиот престој зависи од Вашето знаење? Ако одговорот е да, тогаш хотелот Trivial Pursuit, лоциран на скоро 50 колометри надвор од Москва, е местото за Вас.
Хотелот преставува проект на брендот за играчки Hasbro и агенцијата Leo Burnett од Москва и ќе биде отворен ограничено време, од 20 мај до 14 јуни оваа година. Trivial Pursuit е всушност името на друштвена игра во сопственост на Hasbro, во која за да победите треба да одговарате прашања од општа култура.
Според официјалниот опис на хотелот, тој има „два спрата со три спални соби, сауна, камин и скара“. Дури и за да го букирате својот престој во него, потребно е да одговорите на некои прашања како на пример кое е името на реката која поминува низ Москва или колкава била висината на Наполеон во сантиметри. Откако ќе го поминете тој дел, потребно е да споделите пост на некоја од социјалните мрежи или да ја купите играта Trivial Pursuit.