Португалскиот бренд на вино Silk & Spice ги поттикнува фановите да тргнат во потрага по богатство со својот најнов билборд. Наместо да го постават на некоја високофреквентна точка во урбана средина, како сообраќајна крстосница, плоштад или трговски центар, тие се одлучиле да го стават овој билборд на некој неименуван пуст остров.
Oние кои се доволно бестрашни да тргнат во потрага по билбордот имаат можност да дојдат до вистинско „ковчеже со богатство“ – кутија која содржи шише вино, отворач и чаша, со цел среќниот пронаоѓач да ужива на песочна плажа со поглед кон отворениот океан.
Кампањата насловена “Meant to be Discovered” („Наменето да биде откриено“) влечи инспирација од откритијата на бестрашните португалските истражувачи кои пловеле по Индискиот Океан во 15 век. Како името на брендот, патеките на свилата и зачините некогаш биле мрежа на копнени и поморски трговски рути што ги поврзувале Истокот и Западот на светот.
Истиот „дух на откривање“ може да се најде во уникатниот вкус на овој вински бренд, од каде се надеваат дека нивниот необичен билборд ќе го привлече вниманието на некој што плови покрај него да застане и да си ја испие наградата.
Кампањата е осмислена и се реализира со помош на креативната агенција Stream and Tough Guy и продукциската компанија Trix.