На 28-ми и 29-ти Ноември во Порторож, Словенија, ќе се оддржи своевидното финале на сите креативни фестивали годинава, по 15-ти пат популарнaта SEMPL (Seminar on Media Trends) конференција, на која бројни агенции од регионов покрај одличните теми кои ќе ги дискутираат ќе имаат можност со своите годинешни проекти и да се натпреваруваат во 6 категории:
– Категорија А : Стратешка употреба на медиа миксот
– Категорија Б : Иновативна употреба на комуникациски канал
– Категорија Ц : Најдобро таргетирана кампања
– Категорија Д : Најдобра експериментална кампања
– Категорија Е : Најдобра употреба на дигиталниот свет
– Категорија Ф : Најдобра кампања на социјалните медиуми
Оваа година на SEMPL се пријавени 75 проекти, што претставува 17% подобрување во однос на минатата година. Од Словенија се пријавени убедливо најголем број на проекти, дури 62, од Хрватска се пријавени 8 проекти, од Србија 3 и од Македонија, за прв пат оваа година, се пријавени 2 проекти.
Овогодинешното жири на SEMPL ќе биде предводено од Билјана Колаковиќ, регионалната директорка на Universal Media, а во него учествуваат уште и:
- Silvana Ban, Brand/media manager,Tele2 Croatia
- Davor Bruketa, Creative director, Bruketa & Žinić OM, Croatia
- Saša Djurdjević, Planning and Strategy director OMD Media, Belgrade, Србија
- Barbara Modic, Managing director, Pristop Media, Slovenia
- Bojan Rendulić, CEO, Initiative FB, Serbia
- Darja Teržan, Managing director, Mlekarna Celeia, Slovenia
- Zoran Leban Trojar, Partner and CEO, Sonce.net, Slovenia
- Senad Zaimović, Chief Executive Officer, Fabrika, Bosna and Hercegovina
Жирито ќе одлучува во две рунди. Во првата ќе бидат разгледани сите проекти од кои ќе се состави потесна листа на финалисти по сите категории (ќе биде објавена на 22 Ноември). Во втората рунда ќе се избира најдобриот проект од финалистите кој ќе биде награден со лауреат Golden Sempler.
Апсолутниот победник со најмногу поени меѓу финалистите, кој ќе биде прогласен вечерта на 28 Ноември, ќе се закити со признанието Grand Sempler.
Целата агенда на настанот можете да ја видите на следниов линк.
Организатори на SEMPL се Media Pool, едни од најголемите медиа купувачи во Словенија, компанија формирана од најголемите адвертајзинг агенции во Словенија со цел мониторирање на медиа пазарот и осигурување на транспарентност. Покрај SEMPL, Media Pool го органзираат и настанот Radiometria како и Mediaskop.