Земете го Вашиот роковник и со црвено пенкало подвлечете ги датумите 27-ми и 28-ми ноември. Тоа се деновите кога се одржува своевидното финале на креативните фестивали од регионот, по 16-ти пат во Порторож, Словенија ќе се случува SEMPL , најголемата конференција за медиски трендови во Адриатик регионот.
Ако на SEMPL планирате да доаѓате како посетител, корисни ќе Ви бидат следниве линкови: Програма , Сместување , Цени.
Е сега нешто што е Важно за агенциите и огласувачите!
Во склоп на SEMPL како што добро знаете се оддржува и натпреварувањето на медиа стратегии SEMPLER кое ќе даде потврда за најуспешните медиски кампањи реализирани во 6 категории:
A – Стратешка употреба на медиа миксот
B – Иновативна употреба на комуникацискиот канал
C – Најдобра таргетирана кампања
D – Најдобра искуствена/експериментална кампања
E – Најдобра употреба на дигиталната околина
F – Најдобра кампања на социјалните мрежи.
Ако сметате дека годинава имавте добра кампања која заслужува регионален публицитет, и за која треба да дознаат и луѓето, огласувачите и агенциите од регионот – ова е вистинската прилика.
Прочитајте повеќе за целото натпреварување, правила, цени за пријавување на проекти од ОВОЈ документ.
Жирито ќе ги оценува проектите во две рунди: во првата кога ќе бидат разгледани, дискутирани и рангирани сите пријавени проекти и втората кога од одбраните финалистите ќе бидат одбрани најдобрите според следниве критериуми:
– идејната основа на медиската кампања,
– одговарачко таргетирање и разбирање на потрошувачите,
– споредба меѓу целта и остварените резултати (ROI),
– иновативност во барањето (нови) комуникациски канали и
– степен на активација и мотивација на целната група низ медиската стратегија и реализација.
Ако Ве интересира кој се ќе биде дел од овогодинешното жири, одвојте малку време да ја прочитате и оваа статија.