Home » Во фокусот » Во пресрет на Baselworld – најголемиот светски собир на часовничарски фанатици

Во пресрет на Baselworld – најголемиот светски собир на часовничарски фанатици

Во периодот од 22 до 27 март, градот Базел во Швајцарија ќе биде светската престолнина на часовничарството, посакувајќи им добредојде на преку 2,100 производители и тргувачи на часовници и накит од разни краишта на светот за време на одржувањето на Baselworld Watch and Jewellery Show – најголемиот светски собир на часовничарски фанатици. (https://www.baselworld.com/)

Baselworld 2017

Baselworld се одржува секоја пролет, уште од далечната 1917 година па навака, и привлекува над 94,000 посетители кои сакаат да се запознаат со најновите модели на познатите светски часовничарски брендови. Според најавите од организаторите, на ова издание на Baselworld ќе се стави акцент на три области: нови предизвици, нови иновации и нови часовници.

Не би било грешка доколку се каже дека производителите на часовници се соочуваат со доста предизвици во моментот. Луксузните брендови на часовници се’ уште остваруваат добри бројки на продажба, но се соочуваат со притисок од новите “паметни часовници” и општите економски потешкотии. Различни производители превземаат различни чекори за да се надминат овие предизвици, при што некои се обидуваат да создадат свои модели на “паметни часовници”, додека пак други се обидуваат да навлезат и во делот од пазарот за часовници со “поприфатливи цени”.

Овие предизвици не влијаат само врз прозводителите, туку и врз самиот Baselworld. Во текот на изминатите неколку години, бројот на посетители постепено се намалува и покрај тоа што вниманието кон настанот е на највисоко ниво. Овогодинешното издание на Baselworld е скратено за два дена од вообичаеното времетраење, се’ со цел да се направи програма која ќе биде пократка, но поисполнета и со повозбудливи содржини.

Со цел да им излезе во пресрет на луѓето кои сакаат да ги следат сите новости поврзани со настанот, Baselworld создаде сопствен чет-бот, насловен “Baselworld Live News”, кој ќе ги “храни” заинтересирните корисниците на чет-платформите Facebook Messenger, We Chat и Telegram со пресонализирни вести.

Менаџинг-директорот на Baselworld, Силви Ритер, објасни: “Благодарение на овој нов и ефикасен комуникациски канал, изложувачите ќе имаат можност да остваруваат директна врска со потрошувачите. Ние се придвижуваме од глобална кон директна и персонализирна комуникација во реално време, која ќе ни овозможи да ги споиме изложувачите и посетителите понепосредно и побрзо.“

Уште минатата година, организаторите на Baselworld ставија до знаење дека сакаат настанот да продолжи да се карактеризира со една многу ексклузивна група на часовничарски брендови кои ќе презентираат широк спектар на нови, современи и неверојатни модели на часовници. Познато е дека Patek Philippe, Omega и Hermès ќе бидат меѓу нив, а истото се очекува и од Seiko, Ball и Frederique Constant.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365