Германија ја истражува продажбата на пиво со етикета во нацистички стил што се појави точно 75 години откако советските трупи го ослободија логорот на смртта во Аушвиц, на 27 јануари кој се прославува како Меѓународен ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот
Фотографиите на пивото „German Reich Brewery“ се објавени на Фејсбук и „најлошото е што пивото е распродадено!
Нацистичките симболи се забранети во Германија. Нивната употреба е нелегална доколку постои јасна врска со нацистичката или идеологијата на екстремната десница. Сепак, во некои културни контексти нивната употреба се толерира.
Етикетата е кафеава, наликува на нацистичка униформа – и се репродуцира симболот на нацистичкиот орел, освен тоа што наместо свастика, прикажан е Железниот крст во венец.
Готското писмо – враќање на германската традиција – е исто така стандард на неонацистичката пропаганда.
Германските медиуми јавуваат дека пивото започнало да се продава преку интернет овој месец, а го рекламирал Томи Френк, добро познат неонацистички активист.
Германските медиуми забележуваат дека за цената на гајба пиво биле користени неонацистичките „кодни“ броеви: 18,88 €. Неонацистите сметаат дека бројот 18 е значаен: првата и осмата буква од азбуката, АХ, како код за Адолф Хитлер. А 88, за нив, значи „Хејл Хитлер“.
Германскиот закон не забранува употреба на орелот на Рајхот или Железниот крст освен ако не се комбинира со свастика и нема очигледна неонацистичка врска.