Анализирајќи колку пати дневно ги допираме телефоните, истражувањето на dscourt откри дека во просек тоа изнесува 2617 пати на ден, а дури 87 % од луѓето барем еднаш го допираат телефонот помеѓу полноќ и 5 часот наутро
Луѓето веќе десетина години “чекорат“ со погледот вперен во големите екрани на мобилните телефони кои станаа вистински џебни компјутери и наш прозорец кон светот. Сите сме свесни на фактот дека тие екрани ги допираме огромен број пати во денот, а dscourt на 94 корисници на Андроид истражи колку сме поврзани со телефоните.
Нивната анализа покажала дека бројните активности на екранот со прстот ги правиме во просек по 2617 пати на ден или дури милион пати годишно.
Иако тоа можеби звучи како огромен број во својата анализа тие откриле и “елитна“ група на луѓе, односно 10 % кои екраните на своите мобилни ги допираат во просек по 5427 пати дневно или дури два милиони пати низ годината. А се чини дека тоа нема да се намали.
Michael Winnick од Dscout за Daily Mail изјави дека не мисли дека сме дошле до врвот. Додаде дека може да се промени начинот на итеракција, што отвара можност за нови облици на управување на уредите преку глас проширена или виртуелна реалност и само малку повеќе слобода за нашите прсти.
Dscourt, која е софтверска и истражувачка компанија, изработила и апликација која го следела секој потег со прстите преку екранот во текот на 5 дена колку што траело истражувањето. Тоа покажало дека корисниците поминуваат 2,42 часови допирајќи го екранот, а оние екстремни корисници дури 3,75 часа.
Она што е откриено во истражувањето е и дека нашите прсти речиси никогаш не мируваат. Дури 87% од испитаниците помеѓу полноќ и 5 наутро барем еднаш ги провериле своите телефони.