Samsung направи прекрасното светлосно шоу на мостот Семјуел Бекет во оваа нова кампања
Во рамките на промоцијата на новиот Galaxy Note 8 уред во Ирска, Samsung претвори еден мост во Даблин во гигантска харфа.
Мостот Семјуел Бекет, инспириран од харфа и дизајниран од страна на архитектот Сантијаго Калатрава, е поврзан со вистинска харфа на која свири Ајслинг Енис, користејќи апликација која ја контролира играта на светлината на каблите на мостот во ритамот на кој Енис свири на вистинска харфа. Целиот процес е демонстриран на екранот на Note 8 уредите.
Оваа промотивна акција ја осмисли креативната агенција Guns or Knives, која работеше со експертот на мапирање на проекциите Паурик Хакет од компанијата Make and Share.
Креативниот директор на Guns or Knives, Адам Крејн изјави: „Како препознатлив ирски симбол, мостот Семјуел Бекет и порано го привлекуваше вниманието на брендовите, но ние бевме решени во јавноста да го претставиме во потполно ново светло.“