Случајност или не?
БМВ неодамна го претстави iX електричниот теренец, моментално најсилниот адут на баварскиот производител во сегментот на премиум електрични возила.
Интернет презентацијата беше проследена со промотивни фотографии како подготовка за доаѓањето на овој автомобил на пазарот. Една ваква фото-сесија е секогаш внимателно смислена, а најрепрезентативните фотографии се објавуваат на страниците на компанијата.
Со оглед на тоа што станува збор за електрично возило, за позадина е симболично избрана хидроцентрала – како пример за обновлив извор на енергија, и тоа е сосема во ред.
Сепак, оние кои се шампиони во играта „пронајдете 12 грешки на фотографијата“, не пропуштија еден необичен детал.
Имено, кога една од фотографиите се зголеми, како рефлексија на браникот може да се забележи силуета на друг автомобил, но тоа не е БМВ, туку Мерцедес.
Превид или не, проценете сами.
BMW’s fully-electric iX SUV revealed and it’s coming to South Africa. See more details here: https://t.co/EGdu5qmHYC.#BMWiX @BMW_SA pic.twitter.com/ey5IJYl3Bn
— Khulekani on Wheels (@khuleonwheels) March 17, 2021