За прв пат овој јули, бројот на Американци кои стримуваат ги надмина оние кои гледаат кабелска телевизија. Бројките биле документирани од страна на Nielsen за The Gauge – месечен преглед за гледачките навики на американската публика.
Во текот на месец јули, стримингот забележал удел од 34,8% во вкупната телевизиска гледаност на американскиот пазар, пред кабелската телевизија со удел од 34,4% и радио-телевизијата со удел од 21,6%.
Во споредба со претходниот месец јуни, гледаноста на стриминг сервисите пораснала за +3.2%, додека кабелската телевизија забележала пад од -2%, а радио-телевизијата пад од -3.7%.
Што се однесува до една година претходно, гледаноста на стриминг сервисите во јули 2022 пораснала за големи +22.6% во споредба со јули 2021. Од друга страна, гледаноста на кабелската телевизија паднала за -8.9%, а радио-телевизијата за -9.8% во споредба со истиот период лани.
Стриминг-сервисите кои предводат во гледаноста се Netflix, Prime Video, Hulu и YouTube, при што Netflix забележале удел од 8% во вкупната телевизиска гледаност, главно благодарение на новата сезона на серијата Stranger Things која генерирала 18 милијарди минути на гледаност.