Голем број на регионални експерти за брендирање, деловни комуникации и медиуми овој Јуни (20-ти) доаѓаат во Сараево на конференцијата за брендирање – BrandLand.
Овогодинешната агенда вклучува теми како влијание на глобализацијата и регионализацијата, трендови и пазарни промени во развојот на дигиталните медиуми, поврзување на креативноста и иновацијата како и успешните искуства на новите маркетинг стратегии.
Весна Бегановиќ, Partner & New Business Manager, во маркетинг агенцијата Виа Медиа и една од организаторките по повод настанот изјави : “Брендинг конференцијата и оваа година има за цел да ја истакне важноста во процесот на работење и креирање на имиџот кај потрошувачите и јавноста. Практичките примери и резултатите на маркетинг стратегиите на интернационални, регионални и локални пазари ќе бидат презентирани од голем број угледни компании како Nestle, Atlantic група, Bimal, Henkel, MC’Donalds, Kraš, Heineken..“
Сите дополнителни информации во врска со конференцијата можете да ги прочитате на www.branding.ba