Кралската пошта на Обединетото Кралство ја лансираше својата нова празнична кампања насловена “In Good Hands” („Во добри/сигурни раце“), која го истакнува топлиот однос и човечноста помеѓу поштарите и клиентите.
Во фокусот на кампањата се наоѓа краток поетски филм кој ги слави вредните луѓе што ги доставуваат пратките во текот на целата година, но особено во студените и бурни зимски месеци. Видеото е проследено со поема на наградуваниот поет Роџер Робинсон, која што ја чита актерот Сопе Дирису. Поемата ги води гледачите низ секојдневието на поштарите во текот на годината, следејќи го менувањето на годишните времиња и ритамот на животот.
„Кралската пошта има толку важна улога за време на празничниот период и ние се подготвуваме да го доставиме Божиќ до нашите корисници и оваа година. Херои на спотот се нашите 85.000 поштари кои се надвор на терен, без разлика дали врне или блеска, за да испорачуваат до заедниците ширум Обединетото Кралство“ – истакнува Соња Судакар, управен директор за маркетинг и дигитални услуги во Кралската пошта.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција AMV BBDO и продукциската куќа Stink Films.