McDonald’s никаде не се споменува во својата најнова кампања, која се потпира на кредибилитетот на актерката Mindy Kaling на социјалните мрежи, моќта на Гугл, како и сопствената репутација како најдобро место за конзумирање нешто друго освен хамбургер и помфрит, односно Кока Кола.
Ѕвездата на новата кампања на агенцијата We Are Unlimited е комичарката и актерка Mindy Kaling (во жолт фустан стои пред црвена позадина), која зборува за „местото каде што Coca-Cola е тооолку вкусна“, а потоа ги повикува гледачите да го прогуглаат токму тој израз („Place where Coke tastes SO good“).
Се испоставува дека таа лукаво ги насочува гледачите на McDonald’s. Имено, постои цела митологија во поп културата околу тоа како Coca-Cola има подобар вкус во McDonald`s, а ланецот за брза храна одлучи тоа да го искористи за својата најнова кампања, која исто така содржи и други смешни огласи на истата тема.