Еден од најголемите огласувачи во Грција, телекомуникациската компанија Vodafone Greece, ја назначила независната агенција The Newtons Laboratory од Атина за свој нов агенциски партнер.
Агенцијата треба да игра клучна улога во креативните и стратешките операции на компанијата со цел поттикнување краткорочен и долгорочен раст за целата понуда на производи и услуги на компанијата.
Vodafone Greece важи за еден од најголемите огласувачи во земјата, со милионски инвестиции во продукцијата и пласирањето на маркетинг содржини и реализацијата на промотивни активности.
Агенцијата The Newtons Laboratory е основана во 2011 година во екот на економската криза во Грција со цел „да изнаоѓаат решенија и да одговараат на предизвиците“. Покрај Vodafone Greece, нивното портфолио на клиенти вклучува брендови како IKEA, Lidl, HELLENiQ Energy, KIA, Goody’s, EKO, Zagori, UNICEF и повеќе други.