Седум водечки весници од шест европски земји го основаa Здружението на водечките европски весници (Leading European Newspaper Alliance LENA), чија цел е да промовира квалитетно новинарството во Европа и креирањето и споделување на уредувачката содржина.
Основачки членови на Здружението LENA се германскиот Die Welt, шпански Ел Паис, италијанскиот Ла република, француски Фигаро, Le Soir од Белгија и швајцарските Tages-Anzeiger и Tribune de Genève. За Претседател на асоцијацијата е именуван Хавиер Морено, кој во периодот меѓу 2006 и 2014 година беше Главен и одговорен уредник на весникот Ел Паис.
Покрај другите цели, LENA, ќе се залага за консолидација на јавното мислење во Европа, бидејќи како што изјавија од здружението, нејзините членки делат повеќе заеднички вредности кои ја промовираат важноста на квалитетното новинарство во создавањето на отворени и демократски општества со економски прогрес и социјална правда.
Еден од главните фокуси на соработката ќе биде креирањето и размената на авторска содржина. Секој весник ќе обезбедува селектирани статии кон заедничката платформа од која весниците членки на алијансата ќе можат да ги користат во согласност со нивните потреби. Во прилог на ова, одлучено е дека колумните, интервјуата и топ вестите ќе бидат вклучени во повеќејазични формати за да бидат блиску до читателите на сите земји од алијансата.