Forbes и The Drum ги рангираа меѓу 25-те најдобри светски креативци – Реи Инамото и Мерли Џејми на главната фестивалска сцена ќе откријат што е потребно за да успеете, а потоа и да останете запаметени во ерата на хиперпродукција и едноличност.
Иако има идентичен брат близнак, неговите идеи се уникатни – затоа Форбс го стави на листата на 25-те најкреативни луѓе во светот. Реи Инамото, кој е познат како еден од највлијателните индивидуалци во маркетинг и креативната индустрија, ќе се качи на сцената на фестивалот Денови на комуникациja кој ќе се одржи во хотелот „Лоне“ во Ровињ од 2 до 5 април, а на листата на големи имиња кои ќе учествуваат на фестивалот, покрај него се приклучува и Мерли Џејми, една од осумте жени меѓу 100-те најдобри креативни директори според изборот на The Drum за 2019 година.
Неуморлив претприемач и поборник за иновации, кој својата креативност ја користи за благосостојба на човештвото, Џејми, како главна креативна директорка на компанијата Dentsu Jayme Syfu, е една од водечките opinion лидери. Со нејзиниот проект #sistergood, кој има за цел јакнење на женското лидерство, таа започна лавина на позитивни реакции и сега ги инспирира креативките во подем од целиот свет.
Големо влијание врз формирањето на јавното мислење има и Реи Инамото. Неговиот ангажман во агенцијата AKQA, како и креативните решенија за глобалните брендови како Audi, Google, Nike и Xbox, ја позиционираа оваа агенција меѓу водечките во индустријата. Овој предавач на Cannes Lions, кој Ad Age го стави на листата на најдобри светски креативци, скромно тврди дека тајната состојка на неговите беспрекорни достигнувања е едноставен зен пристап, кој бара етичност, сталоженост и прецизност.
Во Ровињ, Мерли Џејми ќе зборува за стаклениот плафон во индустријата и креативниот пат кон успехот и ќе ги сподели своите искуства и приказни за да докаже дека речиси секој може да има оригинални и фантастични идеи, додека Реи Инамото, како уште еден истакнат глас на индустријата, на осмото издание на Денови на комуникциja, ќе одговори на прашањето како да се развијат оригинални и незаборавни креативни решенија што ќе се издвојат во денешниот свет на хиперпродукција.
Заедно со веќе споменатите Реи Инамото и Мерли Џејми, своето доаѓање го потврдија и највлијателниот светски маркетинг директор Кит Вед; потпретседателот на агенцијата Ogilvy и ТЕД говорник Рори Сатерленд; дизајнерот награден со Еми награда, Крис До; донеодамнешниот евангелист на Мајкрософт, Џејмс Витакер; футурологот Ари Попер, кој исто така имаше можност да работи и за НАТО; лидерот во односите со јавност и основач на Holmes Report, Пол Холмс и повеќе-наградуваниот комуникациски експерт, Дејвид Орлик.
Повеќе информации за осмото издание на фестивалот Денови на комуникација и пријавите за учество, можете да пронајдете на официјалната страница на фестивалот.