Само неколку работи поради кои уживам да работам во маркетинг агенција.
- Креативност
Работата во маркетинг агенција ти овозможува да бидеш креативен на многу начини. Независно дали се работи за ситуација кога имаш тотална слобода во креирање на кампања или пак кризна ситуацијата кога треба да пронајдеш начин како да ја решиш, креативноста е секогаш присутна. А, креативност ќе имаш ако…
- Учиш цело време нови работи
Колку и да имаш познавање за нештата, никогаш не е доволно. Тоа во светот на маркетингот, посебно во дигиталниот е многу поизразено бидејќи промените се случуваат почесто и од апдејтите на Facebook. Трендовите што сега се актуелни, утре ќе бидат веќе застарени и неинтересни. Затоа, што научиш денес, утре го применуваш и веќе задутре учиш веќе нешто сосема ново. Следење на конференции (online и offline), читање на секакви интернет статии, присуство на сите социјални мрежи или пак скролање по Reddit – е стварно интересно. Плус, секогаш може да споделиш некој интересен линк на Messenger со…
- Колегите
Една од најважните елементи за секоја работа да ти биде што позабавна и поубава е тоа со кого си опкружен. Имам среќа да бидам во индустрија во која претежно работат млади лица или пак луѓе кои се чувствуваат така, поради што секојдневните обврски во Brand Union поминуваат во одлична работна атмосфера која ми дозволува…
- Да бидам тоа што сум.
Тука никој не бара да бидеш тоа што не си, туку напротив, се инсистира спротивното. Не се бара да изгледаш и да се облекуваш според некои стандарди, не се бара да се однесуваш и да зборуваш според правила. Можеш да бидеш ти, каков и да си. Ова е само една од работите поради кои…
- Забавно е да се работи во маркетинг агенција.
Кога се бара од тебе креативност, учиш постојано нови интересни работи, се наоѓаш во одлична околина со колеги со кои си на иста френквенција и можеш да бидеш тоа што си, тогаш работата нема шанси да не биде забавно место. И секако…
- Слободата дека секогаш можеш да излезеш од рамките и да напишеш уште една причина плус. :)
Автор: Воислав Здравковски, Brand Union