Минатата година Instagram изненади со услугата Stories, која повеќе од очигледно ја копираа од Snapchat
Инстаграм својата услуга Stories започна да ја огласува на огласните паноа во Италија, Германија и САД. Со слоганот „Приказните се насекаде“ на корисниците им се соопштува дека приказните во апликацијата можат да се направат практично од ништо.
Агенцијата Wieden+Kennedy направи кампања која ги поттикнува корисниците на англиски, германски и италијански јазик да креираат приказна од “секоја снимка, секоја фотографија и било што друго.“
Минатата година Instagram изненади со услугата Stories, која повеќе од очигледно ја копираа од Snapchat. За една година, новата услуга стекна многу корисници. Според извештајот на порталот TechCrunch во јуни оваа година забележани се 250 милиони корисници дневно. Според истиот извештај, Instagram имал 700 милиони регистрирани корисници во април оваа година.