После неколкугодишна ревизија која започна во 2021 година, потоа беше паузирана, а продолжи во 2023 година – германската автомобилска групација Volkswagen одлучи да ја продолжи својата соработка на глобално ниво со медиската агенција PHD од групацијата на Omnicom.
PHD од Omnicom Media Group првично го доби договорот во 2016 година, а согласно новиот договор по ревизијата – ќе продолжи да раководи со медиското планирање и закуп на Volkswagen Group и во следните три години, односно до крајот на 2027 години.
Договорот се проценува на околу 2,2 милијарди долари во медиски инвестиции на годишно ниво, вклучувајќи ги сите брендови на групацијата – Volkswagen, Audi, Skoda, Seat, MAN и останатите.
Ревизијата била спроведена од страна на консултантската компанија Ebiquity.