Германските автомобилски гиганти на илустративен начин ја поддржаа кампањата за социјално дистанцирање за време на пандемијата на корона вирусот.
Светската здравствена организација, владите ширум светот, но и многу популарни личности овие денови апелираат во медиумите и на социјалните мрежи за неопходното одржување на растојание меѓу луѓето, за да се намали можноста за пренесување на вирусот.
На оваа кампања им се придружија и големите германски производители на автомобили, Фолксваген и Ауди, кои на симболичен начин – со привремена промена на распоредот на елементите на своите логоа – покажаа колку е важно социјалното дистанцирање за нас сите овие денови.
Поради тоа, Фолксваген ги одвои буквите „V“ и „W“ на своето лого и сликовито покажа дека е потребно да се држи меѓусебно растојание:
На сличен начин и Ауди се приклучи на апелот, одвојувајќи ги четирите испреплетени „прстени“ на своето познато лого: