Германскиот производител на автомобили Volkswagen го лансира својот нов целосно електричен автомобил Volkswagen ID.4. По тој повод, брендот лансираше нова реклама за израелскиот пазар во која го претставува својот нов автомобил како кулминација на досегашната автомотивна еволуција.
Имено, новиот спот дава илустративен преглед на развојот на различните начини на транспорт кој човекот ги применувал од „памтивек“, па сé до денес. Приказната почнува со јавањето коњи, па измислувањето на тркалото, кочијата, првите примитивни автомобили, по што следуваат автомобилите на внатрешно согорување и секако – денешните целосно електрични автомобили, како најпрогресивната фаза во досегашниот автомотивен развој.
Со едноставниот слоган на крајот од спотот – “Electric. Made by Volkswagen” („Електричен. Направено од Волксваген“), германскиот бренд сака да се претстави себе како синоним за понатамошната електрична трансформација на патничките автомобили, транспарентно изразувајќи ја својата амбиција да го предводи развојот и да го доминира пазарот во таквата трансформација.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Avraham ADV и продукциската куќа ZOA Films.