Со цел промоција на својот нов, целосно електричен SUV, автомобилскиот бренд Volkswagen лансираше нова кампања за канадскиот пазар во чиј центар се наоѓа „еколошки“ веб-сајт кој фотографиите ги рекреира преку црно-бел текст.
Со лансирањето на првиот модел од серијата на електрични возила “ID.”, компанијата се заложи за поголема еколошка одржливост и намалување на сопствениот ефект во емисијата на јаглерод диоксид во Земјината атмосфера, што вклучува дури и нов специјален веб-сајт кој користи помалку енергија, односно има помал удел во емисијата на CO2.
Според Volkswagen, прелистувањето преку интернетот е „виновно“ за четири проценти од вкупното количество на CO2 емисии во светот, а вообичаените веб-сајтови продуцираат 1.76 грама на јаглерод диоксид по прегледана страница.
Од друга страна, нивниот нов веб-сајт продуцира само 0.022 грама на CO2 по прегледана страница, што него го прави „поеколошки“ од 99% од 2 милиони веб-сајтови тестирани од страна на дигиталниот калкулатор за јаглеродни емисии – Website Carbon.
Новиот еколошки веб-сајт на Volkswagen е создаден со помош на креативната агенција TAXI од Торонто.
Веб-сајтот можете да го преледате на следниот линк.