Германскиот автомобилски бренд Volkswagen го спасува Божиќ благодарение на своето теренско возило Taigo, во новата реклама на брендот.
Спотот ја следи приказната на еден ноќен чувар во авто-салон на Volkswagen, кој наместо да го празнува Божиќ со своите блиски, мора да работи. Тој се обидува на секаков начин да си најде занимација и забава за време на осамените ноќни часови.
Но, тогаш, во непосредна близина на авто-салонот паѓа магичната летечка санка на Дедо Мраз. Добриот Дедо е нервозен поради несреќата, бидејќи нема да може да ги достави предвидените подароци. Сепак, има решение – Volkswagen Taigo.
Имено, теренското возило ја заменува санката на Дедо Мраз и полетува влечено од ирвасите. Дедото продолжува со својата работа, но не заборава да му остави подарок и на добриот чувар. Божиќ е спасен!
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција EnterCreative од Латвија.