Volkswagen се обидува да продолжи понатаму после скандалот со издувни гасови и да ја поврати довербата кај потрошувачите со својата нова европска бренд кампања.
DDB Berlin е главната агенција која стои позади бренд кампањата, која најпрвин беше објавена во Обединетото Кралство на 3 февруари, за потоа да се прошири и во другите европски држави.
Емоционалната реклама започнува со едно младо момче кое седи на задното седиште во “Бубата” на својот татко, и потоа го следи момчето како израснува и започнува своја фамилија. Секоја животна фаза е проследена со различен Volkswagen автомобил.
На крајот се појавува и наратор кои зборува како Volkswagen е повеќе од обичен автомобил, велејќи дека “тоа е животен придружник”.
Мајлс Лорд, извршниот креативен директор на DDB Berlin, изјави: “За овој проект соработувавме со DDB агенциите ширум светот за да собериме регионални погледи и локални перспективи.”
“Volkswagen е лојален придружник на четири тркала. Но, луѓето се тие што Volkswagen го претвораат во искуство. Ова е причината поради која се одлучивме да ги ставиме луѓето во центарот на оваа компања,” додаде тој.