Шведскиот автомобилски бренд Volvo лнсираше нова кампања преку која ги истакнува заложбите и посветеноста на компанијата кон еколошката одржливост и борбата против климатските промени.
Насловена “The ultimate safety test” („Крајниот тест за безбедност“), кампањата го следи Бјорн во неговаата потрага по најзначајниот тест за безбедност кој го спроведува Volvo. Тој ја посетува фабриката за автомобили каде ги сведочи сите важни тестови за безбедност – од удирање во ѕидови до паѓање од преку 30 метри. „Volvo се грижеше за безбедноста долго пред сите“, посочува Бјорн.
Меѓутоа, штом нашиот водител ќе ги посведочи ефектите кои глобалното затоплување ги има врз арктичкиот круг, тој заклучува дека, сепак, „Климатските промени се крајниот тест за безбедност“.
Со лансирањето на кампањата, Volvo ги соопшти своите намери да прерасне во компанија која ќе произведува само електрични автомобили до 2030 година, односно да го трансформира својот производствен процес во целосно климатски нетурален до 2040 година. Од компанијата се надеваат дека до 2025 година, половина од нивните продажба на светско ниво ќе се однесуваат само на елекрични автомобили.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Grey. Покрај централниот спот, таа ќе вклучува и дигитални, outdoor, радио и принт активности.