Поминаа шест години од позната реклама “The Epic Split“ која Волво ја сними со белгискиот мајстор по боречки вештини и ѕвезда на филмското платно Жан Клод Ван Дам и која стана вирална. Во рекламата Ван Дам изведува една од своите славни шпаги меѓу два Волво камиони, додека тие возат во рикверц.
Сега компанијата продолжува со серијалот креативни реклами за своите камиони и повторно го ангажираше истиот режисер Андреас Нилсон и агенцијата Forsman & Bodenfors во новата реклама “The Tower“.
Четирите модели на камиони Volvo FH, Volvo FH16, Volvo FM и Volvo FMX се поставени еден врз друг и возат по дождлив пат ноќе за да ја покажат својата моќ и сила, формирајќи кула висока 15 метри. А на врвот од кулата се појавува Роџер Алм, претседателот на Volvo Trucks.
Видеото е снимено кон крајот на минатата година на тест теренот во близина на седиштето на Волво во Гетеборг, Шведска. Сè беше направено со камера, како што може да се види во видеото подолу: