Љубовта доаѓа во сите облици и големини, а шведскиот бренд на автомобили, камиони и автобуси Volvo го илустрира тоа во новата хумористична реклама за романтичната врска помеѓу два од нивните камиони.
Рекламата почнува со врнежлива сцена во која еден од вљубените камиони чека на бензинска станица, очајно гледајќи кон патот. Потоа наеднаш, се појавува уште едно габаритно возило што му го привлекува вниманието. Заедно, двата камиони патуваат по отворените патишта, додека во позадина свири „Nothing’s Gonna Change My Love For You“ („Ништо нема да ја промени мојата љубов за тебе“) на Џорџ Бенсон.
Евентуално, возилата полетуваат на розово небо, а среќниот крај на нивната приказна е прикажан со преплетена прегратка на плажа при зајдисонце.
Рекламата, создадена од креативната агенција Forsman & Bodenfors, завршува со цитат во кој се вели: „Конечно забавата се среќава со ефикасноста“, нагласувајќи дека ефикасноста на горивото и перформансите повеќе не се на различна страна од разговорот, туку можат да функционираат заедно во хармонија.