Огласувач на годината, престижната награда која секоја година ја доделува Евробест, оваа година му припадна на компанијата Volvo Trucks.
Наградата претставува призание за нивните храбри маркетинг потфати и трудот во креирањето на славната кампања Live Test Series.
“Пред четири години Volvo Trucks воспостави нова комуникациска стратегија – да се биде креативно похрабар. Токму тоа нам ни го овозможи соработката со агенцијата Forsman & Bodenfors која и досега постигнуваше инзвонредни резултати рансирајќи револуционерни кампањи“, прокоментира Ларс Терлинк, потпретседател за маркетинг комуникации додавајќи “Благодарејќи на силното партнерство, планирањето и довербата, успеавме да лансираме потполно нова интегрирана кампања која е на добар пат да стане еден од најголемите вирални хитови во 2013 и најгледан автомото оглас на YouTube. Навистина сме храбри на кампањата и мислиме дека оваа награда е потврда која брендовите можат да ја освојат само со креативна храброст“